„Погледнете го бројот на министри од ДУИ во Владата која што јас ја предводам, погледнете го бројот на министри од ДУИ во владата која што ја предводело ВМРО-ДПМНЕ во последните 11 години. Исти е бројот, проблемот е што ВМРО-ДПМНЕ сака сите Албанци да ги претстави како ДУИ што не е точно“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Тој додаде дека и бројот на институции кои се предводени од ДУИ е ист, а не поголем, меѓутоа опозициската ВМРО-ДПМНЕ сака да направи равенство помеѓу ДУИ и Албанци дури и таму каде што тоа не е така.

„Тоа е тезата која што две години, а интензивно во последната година ја спроведува партијата ВМРО-ДПМНЕ, притоа седејќи во коалиција во Тетово со партијата Беса. Истата партија чии што градоначалник односно претседател се слика со знаме на Голема Албанија каде што се пуштаат песни со единствена кореографија голема Албанија и они на тоа не реагираат“ рече Ковачевски.