Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, претпладнево во Минхен се сретна со сер Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан.

На состанокот Лорд Пич, изрази честитки до премиерот Џафери за претседателската позиција во Владата и за изборот на новата Влада. Заеднички ја нагласија важноста на претстојните избори, од аспект на фер и демократски избори и како одредница во евроатлантските перспективи на државата.