Алијанса за Албанците, крилото на Таравари, го одржа четвртиот Конгрес на партијата. На Конгресот присуствуваа 421 делегат од вкупно 739 колку што брои партијата. На заседавањето беа донесени повеќе одлуки. Првин беше одобрена кандидатурата на Арбен Таравари за претседател на претседателските избори на 24 април и 8 мај, објави ТВ 21.

Беа поништени одлуките од заседавањето, коj тие го нарекуваат нелегитимно, на партиското Собрание што го одржа крилото на Села на 10 февруари, а беа усвоени и неколку измени на Статутот на партијата, односно се враќа претходниот Статут одобрен на вториот Конгрес на партијата на 27 март 2022 година.

Од друга страна, пак, и блокот на Села во АА свика вонреден Конгрес за 18 февруари. На него ќе се разговара за одговорност и најверојатно ќе биде усвоена и собраниската иницијатива за разрешување на претседателот на партијата, Таравари. Најавуваат дека на 18 февруари можно е да се избере нов претседател на партијата. Но, според Таравари, Конгресот што го одржал тој е легитимен, а за оној на Села рече дека ја нема ниту половината од членовите на Собранието.

Но, може ли да се очекува помирување и повторно „спојување“ меѓу Таравари и Села?

Г.Села е само член на Алијанса за Албанците. Види, важно е тоа што ние и во нашето Собрание, и на нашиот Конгрес не правиме исклучоци. Претседателот на партијата во секој момент имал право да разрешува потпретседатели на партијата кои од едната страна се префрлија на другата. Но, ова никогаш не се случи“, вели Блеранд Рамадани.

Инаку, согласно статутарните измени донесени на Конгресот организиран од Таравари, како што се наведува во партиското соопштение, Зијадин Села веќе нема да биде претседател на Централното собрание, па така од сега таа функција ќе ја врши претседателот на партијата, во случајов, Арбен Таравари.

Таравари го разреши Зијадин Села – на вонредниот конгрес сменет статутот на партијата