Го осудувам чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

– Војната е најлошиот начин за решавање на недоразбирањата, а агресијата врз Украина е закана и за европскиот и светскиот мир. Владата ја следи многу внимателно состојбата во Украина. Безбедносната состојба во нашата земја е стабилна и во овој момент не постои дирекна закана за безбденоста на С. Македонија, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Натаму во објавата додава:

– Покрај безбедносната состојбата, владата одблиску ги следи и промените во светските економски текови кои се дестабилизирани од новонастанатата состојба. Владата ако и досега ќе делува максимално одговорно и во најдобар интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните, објави Ковачевски.