Неодамна ја пуштивме првата државна фотоволтаична централа од 10 мегавати во Осломеј, објави денеска премиерот Димитар Ковачевски за резултатите од 100-те дена на Владата која ја предводи.

– Со оваа електрана ќе ги задоволиме потребите на околу 2.800 домаќинства со електрична енергија, со што значително ќе ги намалиме трошоците на едно домаќинство. Tранзицијата кон зелената енергија и стабилно снабдување со енергенси е еден од приоритетите на нашата Влада, објави Ковачевски на својот официјален профил на Фејсбук.

Како што веќе објавивме, пред свеченото пуштање во употреба на централата, изби пожар што им го расипа меракот на Ковачевски и на останатите министри и функционери на ДУИ кои беа дојдени на свеченоста.