Премиерот Димитар Ковачевски во синоќешното интервју за ТВ Канал 5 рече дека ќе биде премиер уште 11 години.

Ковачевски ова го кажа на крајот од емисијата, кога водителот го потсети дека во минатото интервју рекол дека ќе владее 12 години, по што тој додаде дека сега остануваат уште 11 години.

Актуелниот премиер нагласи дека предвремени избори нема да има, изборите ќе бидат во редовен рок, најпрво претседателски, а потоа и парламентарни избори.