Да бидам искрен не знам, одговори премиерот Димитар Ковачевски на прашањето дали освен шивачот Полико Авдиу се вратил и некој друг нашинец од странство по воведувањето на минималецот.

Ковачевски, по посетата на производствениот погон на компанијата Текспорт во скопската населба Илинден беше прашан дали освен шивачот Авдиу во компанијата Текстил Солушн, и во оваа фирма има некој од Германија или Швајцарија што се вратил за 18.000 плата.

– Да бидам искрен не знам, разговарав со директорката и дел од вработените во некои од погоните, но не разговаравме за тоа кој од каде потекнува и кој каде бил во својата професионална кариера пред да биде вработен во оваа компанија, одговори Ковачевски.

Ковачевски, неодамна, при посетата на Текстил солуш се пофали со враќањето на Авдиу. Текстот што тогаш го објавивме може да го погледнете на овој ЛИНК: