Вршителот на должноста претседател на Исламска верска заедница во Македонија, реис ул улема ефенди Фетах Шаќири, преку својот фејсбук профил ја извести јавноста дека е позитивен на Ковид-19.

–  Водејќи сметка за моето семејство, моите соработници, како и за сите вернинци и граѓани, одлучив да  направам тест за Ковид-19, кој е позитивен. Моментално се е нормално, без некој проблематичен симптом. Јас ги почитувам препораките на лекарите и сум на домашно лекување. Ова го гледам како  од Големиот Господ. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат до препораките на надлежните институции, пишува Фетаи, на својот фесјбук профил.

Истовремено тој додава дека сите органи на ИВЗ се максимално ангажирани во подготовките за Курбан Бајрам.

Во оваа прилика в.д Реис на ИВЗ, Фетах Шаќири на сите верници им го честита големиот празник Курбан Бајрам, со молба до Семоќниот Алах да ги прими во неговата милост.

Како што е познато, бившиот реис на ИВЗ, кој неодамна беше сменет, тврдеше дека „короната е мртва“.