Рекордните 11 починати лица од Ковид-19 на тетовското подрачје не се само во еден ден, појаснуваат од ковид центарот при Клиничка болница Тетово за денешните статистички податоци објавени од Министерството за здравство. Според Министерството за здравство, од 21 починато лице, 11 биле од тетовскиот регион на возраст од 56 до 77 години.

– Станува збор за софтверска грешка поради која не се евидентирани смртни случаи од 15 јануари до вчерашниот ден и пренос на податоци. За изминатите 24 часа, односно од 12 часот во неделата до 12 часот вчера, починаа три лица, информира Гзим Нуредини, координатор во ковид-центарот.

Со овие 11 смртни случаи, во тетовскиот регион сега се регистрирани вкупно 204 починати лица кои од почетокот на пандемијата, бележи статистиката на Институтот за јавно здравје. Во моментот во тетовско има 326 активни случаи