Во изминатото деноноќие во ковид-центрите во Скопје хоспитализирани се 22 нови пациенти. Во ковид-центрите во главниот град, во моментов се лекуваат вкупно 263 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19.

Во последните 24 часа, има осум приеми на интерните клиники од кои во ковид-центарот ГОБ 8 Септември има пет нови лица, а на Инфективната клиника примени се девет лица. Во текот на вчерашниот ден дома се пуштени 15 оздравени пациенти, информира денеска Министерството за здравство. Во моментов во ковид-центарот на Кожната клиника  се лекуваат 20 лица, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 15 пациенти со симптоми на коронавирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 89 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК има две пациентки. Вкупно 263 лица потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Министерството за здравство информира дека бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 93 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.