Македонскиот фудбалски шампион Шкендија оствари победа во првиот натпревар од 1. квалификациско коло против естонскиот шампион Номе Калју во Талин со 0:1 (0:0).
Единствениот гол за победа на тетовци беше дело на Агим Ибраими, кој реализираше од пенал во 81 минута од средбата.
Фудбалерите на Ќатип Османи за една недела го играат реваншот и ќе имаат одлична можност да обезбедат пласман во следната рунда натпревари од квалификациите за ЛШ