Играчот за врска на Атлетик Билбао, Раул Гарсија беше двоен стрелец синоќа на мечот од 20. коло на Шпанското првенство против Гетафе (5:1).

Триесет и четиригодишниот Шпанец стана првиот играч за врска кој постигнал 100 гола во Ла Лига во 21-от век.

Гарсија има 54 гола за Атлетик, 26 за Атлетико Мадрид и 20 за Осасуна.

Во тековната сезона, Гарсија одигра 21 натпревар, постигна шест гола и направи две асистенции. з