Јасен сигнал од ЕУ за почеток на преговори со нашата земја ќе има позитивен импакт за Западен Балкан и ќе ги обесхрабри сите непосакувани влијанија во регионот, рекол Зоран Заев на предавањето и јавна дебата во организација на ИФИМЕС во Љубљана, на која учествуваше во рамки на дводневната официјална посета на Република Словенија.
ИФИМЕС инаку е наводна невладина организација која го поддржуваше Заев во спроведување на пучот во Македонија и неговото доаѓање на власт со цел да го смени името на државата.

Тој притоа посочил дека Владата успеала за само 22 месеци да ја возобнови демократијата, бидејќи, како што рече, само пред три години бевме декларирани како заробена земја, со хибриден режим.

-Денеска имаме инклузивен дијалог со опозицијата за сите важни политички прашања, рекол Заев на предавањето во организација на Меѓународниот институт за балкански и средно-европски студии ИФИМЕС на која се зборуваше на тема „Република Северна Македонија приказна за успехот“.