Поранешниот НБА-играч Ламар Одом верува дека употребата на дрога значително ја намалила неговата спортска кариера.

– Да бидам искрен, мислам дека ако не беа дрогите, јас уште ќе играв кошарка. Ова го велам бидејќи јас навистина никогаш немав проблеми со долните екстремитети, што обично ја скратува кариерата на играчот. Сé уште можам да трчам и да скокам, можеби не толку брзо или високо како кога имав 19 години, но сепак можам, изјави 41-годишниот Одом.

Во 2015 година, Одом претрпе 12 мозочни удари и 6 срцеви удари, наоѓајќи се на работ на живот и смрт.

Кошаркарот помина 14 сезони во НБА (1999-2013). Тој е двократен шампион со Лос Анџелес лејкерс.