Пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ се обрати до пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска – Ванчева, откако пратеничката на СДСМ кажа дека има сомнеж од каде потекнува оваа ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ остана сам да го брани идентитетот на македонската држава. Јас се чудам како вие како партија која кажувате дека произлегува од АСНОМ, ги урнисавте темелите на АСНОМ и виткавте кичма, и се што ви кажаа, направивте, ги донесовте сите штетни договори. Дали сте за промена на името за влез во ЕУ и НАТО? Такво беше прашањето на референдумот. И сега не сме во ЕУ, зошто?- праша Ласоска.

Таа ги праша колешката од СДСМ и од ДУИ дали го лажеа народот:

– Дали тоа значи вие како политичка партија свесно го излажавте народот, и тука ви се руши тезата. Го следам наративот на ДУИ и на останатите, но вие сте носителите на тој наратив, и сметам дека тој наратив на ДУИ е само да се покрие корупцијата и криминалот во нивната партија, и дека сакаат да го наметнат дневниот ред на кампањата за изборите, но време е да бидат свесни дека не се во ситуација да наметнуваат наратив на кампања“, рече Ласовска.

Извор: ТВ 21