Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ги обвини САД дека играат „многу опасна игра“ со сириските Курди, чии борци беа главни американски сојузници во војната против Исламска држава во Сирија.
Лавров, кој е во посета на Казахстан, истакна дека САД првично поддржале „квази држава“ на сириските Курди во североисточниот дел на Сирија, а сега им ја откажуваат поддршката.
– Таква безобразна позиција за ова крајно чувствително прашање може да го запали целиот регион, а тоа мора да го избегнеме по секоја цена, посочи Лавров.
Тој ги повика Дамаск и сириските Курди на дијалог, додавајќи оти мора да се сочува територијалниот интегритет на Сирија.