Гледам како родители заработуваат на своите болни деца, открива д-р Ненад Лазаров, еден од основачите на ECrowd.mk – македонска платформа за донации и поддршка за лекување на деца.
Тој сведочи за злоупотреби на хуманоста на граѓаните во случаите во кои се собираат пари за лекување.
– Гледам како родители заработуваат на своите болни деца. На одмори си одат со пари молени за здравјето на дете, си реновираат куќи, им остануваат пари „за не дај Боже“. Зарем не ве плаши карма бе луѓе? – прашува Лазаров во објавата на неговиот профил на Фејсбук.
Тој натаму додава:
– Застанавме како ECrowd.mk пред цела јавност со цел свој интегритет за да гарантираме и да направиме да е видливо дека секој денар ќе заврши каде што треба така и ќе продолжиме. Ќе направиме се вакви криминалци од најдолен вид да нема повеќе, категоричен е Лазаров.
Тој апелира повторно, да не се донира на лични сметки ниту денар, бидејќи како што вели сега веќе нема никаква потреба од тоа!