Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, со восхит говори за триумфот на Вардар во хрватски Индекс.

– Во животот имам многу трофеи, но ретко кога сум бил толку среќен. Македонец сум и горд сум на тоа што ваква спортска бајка раскажа една македонска екипа. Вардар е во Македонија тоа што се Хајдук и Динамо во Хрватска. Симбол! Затоа се надевам дека овој трофеј и ова чудо што го направија ќе ги придвижи некои работи и верувам дека Вардар и натаму ќе биде голем и моќен, вели Лазаров.