Четврти месец од корона вирусот и наместо да бележиме пад на заболени, и да говориме за опоравување од корона кризата на сите полиња, како што е тоа во соседните земји, Македонија се’ уште брои двоцифрени бројки на новозаболени, a брои и починати лица.
Ова го истакна на денешната прес конференција Кирил Лазов, член на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
– Македонија е земја во која веќе има втор пик, а не како што беа проценките дека тоа ќе се случи евентуално есента. Од крајот на февруари кога беше регистриран првиот случај на корона вирус во Македонија до денес, едно е јасно – надлежните институции целосно потфрлија. Состојбата јасно укажува дека надлежните не се водат од професионалните стандарди, туку од барањата на Заев и Филипче. Комисијата за заразни болести работи под диригентската палка на Заев, а не на професијата. Се гледа резултот од политичкиот диктат – голем број на новозаразени во едно деноноќие, како што и во секое денононоќие има и починати лица. Бројката на новозаразени јасно кажува дека е неопходно итно консолидирање на системот. Бројката на нозаразени говори дека станува збор за втор бран. Филипче и Заев заборавија на граѓаните и нивното здравје, рече Лазов.