Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција оценија дека периодов Собранието е крајно нефукционално бидејќи на закажаните седници нема кворум за нивно одржување, како и дека за да се покаже дека нешто се работи се закажуваат стари седници со отворени точки на коишто нема присуство на министри или нивни заменици и точките не се отвораат.

-Кредибилитетот на Собранието е урнат до таа мера што владините претставници не се појавуваат на седници, што притоа им е законска обврска. Дополнително, не пристигнуваат нови закони од Владата што е знак дека Владата на Ковачевски е толку заспана и некадерна во време на криза, изјави денеска на прес-конференција пратеникот Миле Лефов од ВМРО-ДПМНЕ.