Во изминативе два дена се одигра првото квалификациско коло од Лигата на шампионите за сезоната 2019/2020.

За нас најинтересен бешемечот во Талин, каде тетовска Шкендија успеа да го совлада естонски Номе Калју со 0:1 и со тоа си обезбеди големи шанси за пласман во следното квалификациско коло по реваншот на домашен терен.

Од попознатите имиња кои ја стартуваат својата битка уште од самиот почеток на престижниот турнир, шкотскиот шампион Селтик победи со 1:3 на гоствањето во Босна кај Сараево, додека Црвена звезда ремизираше без голови во Литванија против Судува.

Резултати од првите натпревари од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите:

Партизани (Албанија) – Карабах (Азербејџан) 0:0
БАТЕ Борисов (Белорусија) – Пјаст Гливице (Полска) 1:1
Шериф (Молдавија) ​​- Сабуртало (Грузија) 0:3
Ференцварош (Унгарија) – Лудогорец (Бугарија) 2:1
Слован Братислава (Словачка) – Сутјеска (Црна Гора) 1:1
Дандок (Ирска) – Рига (Латвија) ​​0:0
Линфилд (Северна Ирска) – Розенборг (Норвешка) 0:2
Валур (Исланд) – Марибор (Словенија) 0:3

Од вторникот:
Астана (Казахстан) – Клуж (Романија) 1:0
Арарат-Ерменија (Ерменија) – АИК (Шведска) 2:1
ХИЦ Хелсинки (Финска) – Б36 Торшавн (Фарски Острови) 3:0
Номе Калју (Естонија) – Шкандија (Северна Македонија) 0: 1
Сараево (Босна и Херцеговина) – Селтик (Шкотска) 1:3
Дуделанж (Луксембург) – Валета (Малта) 2: 2
Судува (Литванија) – Црвена ѕвезда (Србија) 0:0
ТХЦ (Велс) – Фероникел (Косово) 2: 2.