Вчерашната победа на Ливерпул над Арсенал (3:1) во натпревар од 3.коло на шампионатот на Англија им овозможи на „црвените“ да постават рекорд. Според официјалната веб-страница на клубот, тимот сега има 12 последователни победи во Премиер лигата, имајќи го предвид крајот на минатата сезона.

Ова е нов рекорд на клубот од „Енфилд“.

Серијата започна на 10 март годинава, со победа над Барнли во натпревар од 30. коло на минатото првенство.