За време на турнирот во голф во Ист-Лејк (Атланта, САД), во текот на вчерашниот ден молња удри во дрво. Од громот повредени се шест лица, објави „Скај њуз“.

Пријавено е дека пет мажи и една девојка се криеле под едно дрво од дождот. Тогаш удрил гром. Повредените се однесени во болница во свесна состојба.

Според последните информации од Атланта сите повредени се надвор од животна опасност.

Поради инцидентот, турнирот мораше да биде прекинат. Натпреварите треба да продолжат денес.