Прашање на денови и недели е кога ќе биде формирана работната група која ќе треба да ги подготвува и напише уставните амандамани, потврди министерот за правда. Сепак не само вметнувањето на Бугарите во преамбулата, Лога ќе понудел и пакет на измени за македонскиот устав, во кој ќе бара и замена на формулацијата „20 отсто“ со формулацијата „албански јазик“. Очекувал опозицијата да биде вклучена и во работните групи. Засега во тајност се држат имињата на екпертите кои ќе ги спремаат измените.

За министерот Османи, доволни биле гаранциите кои ги давале странските партнери за да ја убебедува опозицијата во менување на ставот за уставните измени. Ако пратениците притиснеле црвено копче за уставните измени, тоа ќе значело долготрајна изолација на државата.

Опозицијата пак веќе и врати на власта дека икао сите нивни пратеници се проевропски тоа нема да значи дека ќе ги поддржат уставните измени без мандат даден од граѓаните на избори, за Бугарите да стант дел од Уставот.