Во Полска денеска се одржуваат локални избори, кои се сметаат за прв тест за проевропскиот табор кој дојде на власт на крајот на минатата година, објавија француските медиуми.

Гласачите гласаат за градоначалници, локални и регионални советници од околу 200.000 кандидати ширум земјата.

Според анкетите, проевропската коалиција која е на власт – „Граѓанската коалиција“ на премиерот Доналд Туск и националистите и популистите од „Право и правда“ имаат по 30 проценти. Главните битки меѓу нив се оние за 16 регионални совети. Проевропските сили не се надеваат дека ќе освојат 15 од нив. Сега поранешните владетели сè уште контролираат пет области.