Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар, изјави денеска дека „има многу училишни деца“ заразени со корона вирусот и дека тие се „сериозни преносители на болеста“, но не знае колкав е бројот на заразени, пренесуваат српските медиуми.

Лончар, исто така, истакнал дека во овој момент, меѓу децата во Србија циркулираат „уште еден или два вируси“ кои не се корона, но дека треба на нив да се обрне внимание.

„Бројот на деца заразени со корона вирусот се менува, ги има многу, има многу бебиња и училишни деца. Тие се сериозен преносител на болеста. Од друга страна, еден или два други вируси кои не се корона се појавија и во моментов се во оптек. И не заборавајте дека ние чекаме да дојде и сезонскиот грип“, рекол Лончар во Ниш.

Во Србија, како и кај нас, децата ги посетуваат училиштата, а властите опстојуваат на неразумната одлука, иако и самиот министер, како што се гледа од овие изјави, е свесен дека работите не функционираат и дека децата се во опасност, а покрај нив и нивните родители и баби и дедовци.