Позитивното гласање за Преспанскиот договор е историски момент за Македонија. Честитки до македонскиот Парламент и до Владата на премиерот Зоран Заев, напиша денеска на Твитер британската премиерка Тереза Меј.

Македонската страна ја исполни својата обврска од договореното, а сега на потег е грчкиот Парламент да го ратификува Договорот, со што ќе се отвори патот за интегрирање на земјава во ЕУ и НАТО.