Од национален интерес за Бугарија во однос на Република Македонија е да имаме стабилен и безбеден сосед. Државата ќе биде таква, кога ќе стане членка на НАТО и ЕУ, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерија Захариева.

Захариева рече дека „земјата нема да прави компромиси со условите, што треба да се почитуваат за да станеш дел од целиот преговарачки процес на ЕУ“, пренесе БГНЕС.

– Еден од условите во претпристапниот процес е да имаш добрососедски односи, да не водиш изолациска и националистичка политика, да не ја крадеш историјата на соседите и да не го негираш заедничкото историско минато. Бугарија многу јасно ќе ги постави тие услови, додаде бугарската министерка за надворешни работи.