Имаме окрупнување на парламентарното мнозинство, клучната поентата на сето ова значи дека има поголем број на сили во рамки на Собранието, во рамки на парламентарните политички партии кои што ја поддржуваат европската агенда, рече во интервју за ТВ 21 заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска.

-Наша заложба пред се како СДСМ, заедно со сите коалициски партнери и сега со новиот партнер, Алијанса е европскиот пат. Верувам дека има и одредени сили во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе застанат заедно со нас на овој европски пат. Секогаш кога се носат крупни одлуки, наидуваме на одредени пречки на патот, но затоа ние како политичка партија сме навикнати. Државотворните, крупни одлуки, ние го имаме бенефитот да ги носиме, рече Лукаревска интервју во емисијата „10 минути“ на ТВ 21.