Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, му се обратил на Советот за безбедност на ОН на брифинг за Северна Кореја.

Во обраќањето зборувал и за средбата на Доналд Трамп и Владимир Путин и ги поздравил претстојните рзговори на двајцата претседатели во Вашингтон најавени за есенва.

„Среќен сум што двајцата лидери на двете мошне важни држави ќе продолжат да се среќаваат“, навел Помпео.

Тој додал дека Трамп и Путин разговарале и за решавање на кризата во Сирија и за враќањето на бегалците.

Што се однесува до С. Кореја, Помпео навел дека СБОН е обединет по прашањето за целосна денуклеаризација на оваа држава, а дека за постигнување на целта, економските санкции имаат клучна улога.