Тоа е срамен момент, макар и очекуван, се вели во реакцијата од Македонците од Пиринска Македонија кои му порачуваат на Зоран Заев дека нема да ја запрат својата битка за своите права во Бугарија, поради откажувањето на Заев од нив.

– Тоа е срамен момент, макар и очекуван. Не дека нешто ќе смени – Македонија последните 30 години и така не го има кренато прашањето за македонското малцинство во Бугарија. Но не верувам дека и ова понижување ќе им помогне. Ние ќе ја продолжиме нашата борба како досега, вели членот на колективното претседателство на ОМО Илинден Пирин, Стојко Стојков.