Имаме историја на која сме горди, но мора да се трудиме да ги решаваме проблемите, нагласи денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарски прашања.

Шекеринска вели дека денешните предизвици не може да се решаваат ако со двете нозе сме во минатото.

– Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја, рече Шекеринска.

Таа оцени дека премиерот Заев во последното интервју за БГНЕС испраќа пораки за помирување и гледање напред на работите.