Јана Стојановска која веќе подолго време е во врска со девет години помладиот кошаркар Андрија Бојиќ уште еднаш покажа дека е жена без влакна на јазик, секогаш храбра во излагањата.
Овојпат за естрадниот магазин „Бекстејџ“, младата актерка отоврено зборуваше за сексот.
– Водев љубов на отворено. Беше тоа една куќа на Водно, не беше комплетно изградена. Беше романтично бидејќи немаше покрив и се гледаа ѕвездите. Не беше многу високо, дури не’ гледаа соседите – во свој стил раскажа Стојановска за „Бекстејџ“.
View this post on Instagram
Јана Стојановска потекнува од актерско семејство. Нејзините родители се глумците Ненад Стојановски и Силвија Стојановска, а нејзина помала сестра е Ана Стојановска, исто така глумица.
View this post on Instagram
Триесет и четиригодишната актерка во јавноста стана позната по победата на „Мис Македонија“ во 2007 година.
View this post on Instagram