Ученикот Дамјан Давков од Штип или како што уште го нарекуваат, Питагора, освои средбрен медал и со тоа влезе во историјата како прв добитник на оваа награда на Европската јуниорска олимпијата по информатика, како претставник од Македонија.

Од Здружението на информатичари на Македонија се горди на постигнатиот успех:

– Македонските тимови при досегашните учества на олимпијадата имаат освоено три медали а успехот на јуниорите ветува дека во иднина ќе имаме одлични натпреварувачи за интернационалните натпревари на средношколско ниво, велат отаму.

Тимот кој ја претставувал Македонија е составен од учениците Благој Јаноски Стојановски од Штип, Никола Стојковски од Скопје, Дамјан Давков од Штип и Владимир Грчев од Кочани предводени од менторите д-р Миле Јованов и Мартин Динев од Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ).

„Штипскиот Питагора“ Давков претходно беше познат по јавноста откако на државен натпревар по математика ги победи средношколците, а од МОН не доби никаква награда за успехот поради тоа беше ученик во основно училиште. Од МОН тогаш велеа дека нема законска основа младиот математичар да ја добие заслужената награда.