Во дербито од Првата женска фудбалска лига екипата на Каменица Саса повторно ја презеде лидерската позиција на табелата откако на градскиот стадион во Македонска Каменица славеше над директниот конкурент за првото место, екипата на Деспина Прилеп. Стрелец на единствениот погодок на мечот беше Ана Димитровска од пенал.

Во екипата на Каменица Саса поради позитивни на Ковид-19 недостигаа неколку стандардни играчи што според стручниот штаб уште повеќе ја прави ,,слатка” победата.

Борбата за првото место продолжува во следното коло за кое претендираат три екипи со ист број на бодови, од кои ,,Каменица Саса” предничи поради подобрата гол разлика.

Екипата од Македонска Каменица има добра шанса во следното коло да ја задржи лидерската позиција, додека екипата на Деспина Прилеп ќе игра против уште еден конкурент за висок пласман, екипата на Тиверија.