Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе беше најбрз во својата категорија и класа на трката на патеката Рампа да Фалпера во Брага, во Португалија.

Тој со својот Hyundai i30 TCR постави време од 2:12.780 и за две секунди беше побрз од неговиот најблизок конкурент за првото место.

Ова е втора година по ред како Иџе со победа се враќа од Брага, а ридско-планинските трки се негова омилена категорија.