Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека по неодамнешните немири низ Франција предизвикани од полициското убиство на тинејџер во предградие на Париз, научил лекција дека на земјата и треба ред и враќање на авторитетот на секое ниво.

– Лекцијата што ја научив од ова е ред, ред и ред, рече Макрон, пренесе Франс 24.

Тој го осуди палењето на училишта, градски сали, спортски сали и библиотеки за време на протестите против полициската бруталност.