Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави МИА од Брисел.
-Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што … Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот, изјави францускиот претседател Макрон.
Тој ја поздрави храброста на некои лидери на „Северна“ Македонија како Зоран Заев, кој го смени Уставот и името на државата.