СВР-Битола соопшти дека е утврден идентитетот на мајката чие женско бебе деновиве беше пронајдено оставено пред вратите на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола.
Истрагата е завршена и утврдено е дека станува збор за малолетна девојка со албанско етничко потекло која живее во општина Тетово, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
– Мајката на пронајденото женско бебе е жител на општина Тетово. Таа е малолетна бидејќи не наполнила 18 години. Согласно закон и процедура овој случај ќе продолжи со активности што се од надлежност на Центрите за социјална работа во Битола и Тетово, додека пак полицијата ќе поднесе соодветна кривична пријава, потврди Стаматова.
Женското бебе по пронаоѓањето пред вратата на ЈУ Дом за доенчиња и мали деца, веќе е згрижено во таа установа во Битола.