Македонската асоцијација на новинари (МАН) најостро ги осудува заканите по живот, закани со насилство, навреди и клевети упатени кон новинарите на редакцијата Курир директно преку социјалните мрежи.

– Ги повикуваме МВР и ОЈО да ги преземат сите мерки против лицето кое се заканува по живот и да ги заштитат новинарите од вакви и слични закани, напади, навреди. Се работи за јавно објавени закани и ги повикуваме надлежните веднаш да реагираат. Истовремено, ги повикуваме политичките партии да се оградат од ваквите насилници и заканувачи и да ги осудат заканите.

Инаку, редакцијата на КУРИР повторно е мета на грозоморни закани. Досега ниту еден ваков случај не е разрешен иако за тоа, како што велат, имаат поднесено пријава во полиција, а на средби ги информирале и претставниците на ЕУ и американската амбасада во Скопје.

Заканите доаѓаат од лице кое на својот Фејсбук профил е потпишан како Триамира Николов.

Освен на вработените во КУРИР, овој човек, посакува смрт и на нивните родители и деца!