Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Алексис Санчез не може да најде нов клуб во летниот преоден рок. Според „Дејли мејл“ високата плата е причината поради која нема заинтересирани екипи з ауслигите на Чилеанецот.
Платата на Санчез е 300 000 фунти неделно. Тој добива уште 100 илјади за користење на неговиот имиџ. Ќе добие и бонус од пет милиони фунти ако излезе 30 пати во почетниот состав на сите натпреварувања. Толку ќе добие и неговиот агент Фернандо Фелисевич.
Покрај тоа, Санчез се потпира на разни бонуси, што ја зголемува неговата плата на 560 илјади фунти неделно.