Во врска со најавената лидерска средба Маричиќ оцени дека доколку опозицијата доаѓа со намера да се изнајде решение, има начини за тоа, изјави вицепремиерот Бојан Маричиќ за ТВ Канал 5.

Доколку нема уставни измени, рече тој, влегуваме во изолација за наредни десет години.

– До крајот на јуни очекувам барем една членка на ЕУ да направи чекор што ќе значи своевидна гаранција кон Македонија дека јазикот и идентитетот нема да бидат загрозени во патот кон ЕУ, рече Маричиќ.