Килијан Мбапе постигна гол за француската фудбалска репрезентација на четири последователни натпревари. Ова е прва ваква серија за еден од најдобрите фудбалери на светот.

Синоќа во Хелсинки на дуелот со Финска, погоди во 76.минута и ги постави конечните 2:0 за „триколорите“ во последното коло од квалификациите за Светското првенство 2022.

Дваесет и двегодишниот Мбапе претходно се запиша во листата на стрелците на средбите со : со Казахстан (8:0) во Д-групата од квалификациите, како во финалето и полуфиналето на Лигата на нации против Шпанија (2:1) и Белгија (3:2).

Франција како првопласирана во Д-групата обезбеди пласман на Мундијалот во Катар следната година.