Мечка нападнала и повредила 55 годишен маж во гостиварското село Бродец, пишува порталот Гостивар прес.

Настанот се случил вчера околу 13 часот и 30 минути и пријавен е во полиција. Според изворите на порталот, мечката се нафрлила врз човекот, го фатила за нога и го влечела, а животот му го спасиле овчарски кучиња.

На нападнатиот, кој не бил од селото, му била укажана лекарска помош, пишува Гостивар прес.

Планинското село Бродец се наоѓа на околу 35 километри од Гостивар, на надморска височина од околу 1.450 метри, во близина на изворот на реката Радика.