Нема добитник на главната премија од една милијарда долари на синоќшното извлекување на американската лотарија Мегамилионс.

Беа извлечени бројките: 15, 23, 53, 65, 70 и дополнителен број 7. Ниту една уплатена комбинација не ги содржеше овие броеви. Следното извлекување е во вторник, а сега се проценува дека главната премија ќе изнесува 1,6 милијарди долари, со кеш опција од 900 милиони долари.

Досега најголемета премија на американската лотарија (Пауербол) изнесувала 1,5 милијарди долари, а добитници беа петтмина Американци. Сегашната премија на Мегамилионс го урна овој рекорд и сега е највисока премија во светската историја на игрите на среќа.