Германската канцеларка Ангела Меркел денеска сугерираше дека е можно Европската Унија и Велика Британија да дојдат до договор за тоа како ќе функционира границата помеѓу Ирска и британската територија Северна Ирска по Брегзит, но додаде дека е потребно Лондон да даде предлог за тоа прашање.

Обраќајќи им се на новинарите за време на посетата на Јапонија, Меркел рече дека не може повторно да се преговара за веќе договореното за Брегзит.

Меѓутоа, според неа, прашањата околу „граничниот договор“ може да се решаваат со декларација за идните односи меѓу ЕУ и Британија.

– Треба да бидеме креативни и мора да се слушаме едни со други, рече Меркел.

Таа додаде дека се уште е можен договор за ирската граница.

– Пред се, ние мора да слушнеме од Велика Британија како таа тоа го замислува, истакна германската канцеларка.