Шпанскиот министер за надворешни работи соопшти дека заедничка декларација на ЕУ за признавање на шефот на венецуелската држава нема да има, јави МИА од Брисел.

На средба со новинарите по состанокот на ЕУ со Арапската Лига во Брисел, шпанскиот министер за надворешни, Јосеп Борел, порача дека ќе има заедничка декларација на „повеќе земји на ЕУ“.

– Заедничка декларација на ЕУ во моментов нема да видиме затоа што неколку земји членки се против, истакна попладнево Борел.

Европската Унија му дадоа рок до полноќ денеска на Николас Мадуро да распише нови претседателски избори, во спротивно ќе го признаат опозиционерот Хуан Гуаидо како легитимен привремен претседател додека тој не организира нови избори.

Мадуро вчера го одби ултиматумот на ЕУ.

И покрај најавите дека ќе го признае Гуаидо, ЕУ денеска не успеа да се договори, меѓу другото поради противењето на Италија, но и на повеќе други земји.

Во меѓувреме, некои членки индивидуално се изјаснија во поддршка на Гуаидо, како Германија, Данска, Велика Британија, Шпанија, Франција и други.

Европскиот Парламент исто така минатиот петок го призна опозиционерот Гуаидо.