Според пишувањето на порталот за известување за екстремните временски прилики Severe Weather Europe од неделата до понеделникот во Европа се регистрирани повеќе од 566 илјади удари од молњи во невремето.

Цитирајчи го сервисот за следење на невремето со грмежи, Severe Weather Europe тврди дека низ Европа се регистрирани 566.763 удари од молња. Најмногу молњи се забележани во подрачјата на Франција, Швајцарија, Австрија, Словенија, Хрватска, Унгарија, Србија, Романија, Бугарија, Грција и Турција.

Корисниците на Фејсбук кои го следат овој сајт за времето коментираат дека имало многу молњи, а еден од коментаторите во ударите од молња го гледа доаѓањето на судниот ден.

– Ако не сакате средба со слична судбина, морате да се свртите кон древната вистина на Елохим (едно од многуте имиња за Бог во хебрејската Библија). Само Елохин може да ве спаси. Многумина нема да веруваат во ова што го говорам. Сите му се смееле на Ное додека не почнал дождот“, напишал друг корисник.

А трет додава: „Во Финска пак ништо“.

Како што пишува хрватски „Јутарњи лист“, вчера Метеоаларм во оваа земја издаде жолто предупредување за цела Хрватска, а силното невреме проследено со грмежи и пороен дожд го погоди подрачјето на Истра.

Голема количина дожд околу пладне наврна во Пула и поплави многу деловни простории во центарот. Во попладневните часови вчера од невреме беше зафатен и Загреб, а и Карловац беше погоден од силното невреме.

Во прогнозата за денеска е најавено слично време.