Градоначалникот на #КриваПаланка Борјанчо Мицевски, за брусењето ан симболот од Кутлеш на плоштадот во Крива Паланка срдде полициски час вели дека на ниту едно знаме, на ниту еден симбол не му доликува да биде ставен на земја и да биде газен.

Симболот ќе биде заменет со општинскиот грб, истакнал Мицевки.

На ова веднаш му одговори екс градиначалникот Арсенчо Алексовски:

„Немало да бидат повредени чувствата на граѓаните? Па зошто тогаш им се обраќаш на граѓаните во врска со нивни повредени чувства? Не требало да се гази ничиј симбол, па зошто тогаш општинскиот грб ќе го ставаш да се гази. Ќе имало грб на општината, па има место и за него, но не уништувај направи нешто ново. Ѕирни во мојата програма и направи нешто од неа, зашто твојата самиот ја прогласи дека е за бришење на под, бидејќи работиш проекти од мојата програма. Едно е сигурно: Граѓаните ќе не вреднуваат по тоа кој што направил. Јас го направив плоштадот заедно со Сонцето од Кутлеш, а ти си тој што ги копаш и уништуваш, – па сега самиот процени чија вредност е поголема. А сега да те прашам – и овие ли не разбираат па ги ставиле нивните историски симболите на под?