Законот е јасен над 900 илјади гласачи кои треба да излезат и најмалку половината да гласаат потврдно за овој договор, порача од Охрид лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-И нека не гаат излуции од власта што значел успешен или помалку успешен референдум и да отвораат дебата без аргументи. Законот е јасен, над 900 илјади гласачи кои треба да излезат и најмалку половината да гласаат потврдно за овој договор, тоа по закон претставува успешен референдум. И доколку излезат помалку тоа ќе значи дека овој договор не поминал, затоа што тоа не го вели Мицкоски, тоа го вели законот, а државата мора да почива на ред, поредок и закони, изјави Мицкоски.

Воедно, рече тој, „слушам и одредени сведоштва за притисоци, закани и уцени кои доаѓаат од структури на власта по секоја цена да се излезе и поддржи договорот. Како и информации за се почести средби на лица од власта со структури од криминалното подземје.“

-Тоа ја покажува сета немоќ на власта и сета штетност на договорот кој сакаат на сила да го истуркаат.  Така само создаваат уште поголем револт кај народот и пркост. Затоа што несмее да остане запишано дека како народ со сила сме го смениле името, сме се себепркстиле и сме ги прекрстиле нашите деца. Тоа нема да им успее, а власта треба да си ги прибере тие свои заканувачи бидејќи може не сега, но ви кажувам дека ќе дојде ден кога ќе се испорача цехот, и ќе биде побарана одговорност за сите вас јавачи на апокалипсата пред словото на законот, изјави Мицкоски.